Изјавата за приватност на Волт – Северна Македонија
Во Волт заштитата на податоци ја сфаќаме сериозно. Приватноста и безбедноста на информациите се во срцето на Волт. Оваа Изјава за политика на приватност ги опишува клучните принципи и практики кои ги почитуваме за да обезбедиме дека се почитува вашата приватност при користење на нашите услуги.
Волт Ентерприсес Оу, локални Волт друштва специфични за државата и ДоорДаш Инк. кои припаѓаат на истата група на друштва (“Волт”, “ние”) обработуваат лични податоци на корисници на услугите за нарачка на храна и малопродажба на Волт преку апликацијата Волт ("Волт апликација") и корисници на други производи и услуги за достава на Волт и на посетители на веб-страницата wolt.com (“Веб-страница”).
Во оваа Изјава за приватност, зборот "Услуги на Волт" се однесува заедно на Веб-страницата и Волт апликацијата и другите услуги обезбедени од страна на Волт за корисниците. Во оваа Изјава за приватност, зборот "Корисник" или "вие" се однесува заедно на нашите потрошувачи и потрошувачите на нашите компании во групата, на корисници на услугите на Волт за достава, претставниците и другите овластени корисници на нашите клиенти – правни лица, потенцијалните потрошувачи и корисниците на Услугите на Волт. Нашата Изјава за приватност ги објаснува, на пример, видовите на лични податоци кои ги обработуваме, како ги обработуваме личните податоци и како можете да ги остварите вашите права како субјект на лични податоци (на пример, право на приговор, право на пристап).
Некои од нашите услуги може да подлежат на посебна политика на приватност. Доколку се применува посебна политика на приватност за одредена услуга, ние ќе ја објавиме во однос на конкретната услуга.
Оваа Изјава за приватност може да се ажурира од време на време за да се одразат промените во практиките за обработка на податоци или на друг начин. Можете да ја најдете тековната верзија на Веб-страницата. Нема да правиме суштински промени на оваа Изјава за приватност или да ги намалиме правата на корисниците согласно оваа Изјава за приватност без да обезбедиме известување за истото.
1. КОНТРОЛОРИ НА ПОДАТОЦИ
Оваа Изјава за приватност се однесува на обработка на лични податоци што ја врши Волт. Волт е дел од ДоорДаш, Инк., технолошко друштво со адреса на 303 2 Ст, Суит 800, Сан Франциско, КА 94107, Соединети Американски Држави.
Во однос на обработката на личните податоци на Корисниците во земјите наведени подолу, Волт Ентерприсес Оу и локалното друштво од Волт групацијата дејствуваат како заеднички контролори на податоци. Ова значи дека Волт Ентерприсес Оу и локалното друштво од Волт групацијата заедно ги одредуваат целите и средствата со кои се обработуваат лични податоци. Заедничките контролори специфични за државата се наведени подолу:
Волт Ентерприсес Дојчланд ГмбХ (Wolt Enterprises Deutschland GmbH), Стралауер Аллее 6, 10245 Берлин, Германија, доколку Корисникот се наоѓа во Германија,
Волт Чешко с.р.о. (Wolt Česko s.r.o.), Бубенска 1477/1, Холешовице, ПСЧ 170 00 Праха 7, Република Чешка, доколку Корисникот се наоѓа во Република Чешка,
Волт Полска сп. з о.о. (Wolt Polska sp. z o.o.), ул. Злота 59, 00-120 Варшава, Полска, доколку Корисникот се наоѓа во Полска,
Волт Ентерприсес Израел Лтд. (Wolt Enterprises Israel Ltd.), ХаМелачха Ул. 8, 6721508 Тел Авив, Израел, HaMelacha St. 8, 6721508 Tel Aviv, Israel, доколку Корисникот се наоѓа во Израел,
Волт Технологиес Грција С.А. (Wolt Technologies Greece Provision of Food Services S.A.), улица 80 Михалакопоулоу , П.О., 11528 Атина, Грција, доколку Корисникот се наоѓа во Грција,
Волт д.о.о. Белград-Стари Град (Wolt d.o.o. Beograd-Stari Grad),Машарикова 2-4, спрат 3, зграда 1, 11000 Белград (Савски Венац), Србија, Masarikova 2-4, floor 3, building 1, 11000 Belgrade (Savski Venac), Serbia, доколку Корисникот се наоѓа во Србија,
Волт Азербејџан ЛЛЦ (Wolt Azerbaijan LLC),Јасамал дистрикт, Хиат Тауер 2, 4ти спрат, улица 8 Измир, АЗ1065 Баку, Азербеџан, доколку Корисникот се наоѓа во Азербејџан,
Волт Технологиес Казахстан ЛЛП (Wolt Technologies Kazakhstan LLP), Adi Sharipov street 92, 5th floor, 050012, Almaty, Kazakhstan, доколку Корисникот се наоѓа во Казахстан
Волт Словенско с.р.о. (Wolt Slovensko s. r. o.), Nivy Tower, Mlynske Nivy 188890/5, 811 09 Bratislava, Slovak Republic, доколку Корисникот се наоѓа во Словачка,
Волт Малта Лимитед (Wolt Malta Limited), Level 2, Office 1, Trident Park, Triq l-Imdina, Birkirkara CBD 2010, Malta, доколку Корисникот се наоѓа во Малта,
Волт Норвешка АС (Wolt Norway AS), Kongens gate 4, 0153 Oslo, Norway, доколку Корисникот се наоѓа во Норвешка,
Волт Латвија СИА (Wolt Latvija SIA), Krišjāņa Valdemāra iela 8-7 Rīga, LV-1010, Latvia, доколку Корисникот се наоѓа во Латвија,
УАБ Волт ЛТ (UAB Wolt LT), A. Goštauto g. 12A, LT-01108 Vilnius, Lithuania, доколку Корисникот се наоѓа во Литванија,
Волт Јапонија К.К. (Wolt Japan K.K.), 4-chōme-3-14 Ebisu, Shibuya City, Tokyo 150-0013, Japan, доколку Корисникот се наоѓа во Јапонија,
Волт Грузија ЛЛЦ (Wolt Georgia LLC), Chugureti District, D. Agmashenebeli ave., N 61, 0179 Tbilisi, Georgia, доколку Корисникот се наоѓа во Грузија,
Волт Еести ОУ (Wolt Eesti OÜ), Aia 10 a, 10111, Tallinn, Estonia, доколку Корисникот се наоѓа во Естонија,
Волт Загреб д.о.о., Кузминечка (Wolt Zagreb d.o.o., Kuzminečka) ul. 10A, 3rd floor, 10000 Zagreb, Croatia, доколку Корисникот се наоѓа во Хрватска,
Волт Данска АпС (Wolt Danmark ApS), Borgergade 10, 2 sal., 1300 Copenhagen K, Denmark, доколку Корисникот се наоѓа во Данска,
Волт Свериге АБ (Wolt Sverige AB), Solnavägen 3H, 113 63 Stockholm, Sweden, доколку Корисникот се наоѓа во Шведска,
Волт Кипар Лимитед (Wolt Cyprus Limited), Digeni Akrita 26, 1055, Nicosia, Cyprus доколку Корисникот се наоѓа во Кипар,
Волт, технологије д.о.о. Љубљана (Wolt, tehnologije d.o.o. Ljubljana), Parmova ulica 53, 1000, Ljubljana, Slovenia, доколку Корисникот се наоѓа во Словенија,
Волт Магиарорсзаг Кфт (Wolt Magyarország Kft), Salétrom utca 4. földszint, 1085 Budapest, Hungary, доколку Корисникот се наоѓа во Унгарија,
Волт Ентерприсес Исланд ехф (Wolt Enterprises Iceland ehf), Efstaleiti 5, 103, Reykjavik, Iceland, доколку Корисникот се наоѓа во Исланд,
Волт Австрија ГмбХ (Wolt Austria GmbH), Zaunergasse 4-6, 1030 Wien, Austria, доколку Корисникот се наоѓа во Австрија
Волт Луксембург С.а.р.л. (Wolt Luxembourg S.á r.l.), 33 Boulevard Prince Henri, L-1724, Luxembourg, доколку Корисникот се наоѓа во Луксембург
Волт Албанија СХПК (Wolt Albania SHPK), Rr. Ibrahim Rugova, Sky Tower, Floor 5, Suite 2, Tirana, Albania, доколку Корисникот се наоѓа во Албанија
ВОЛТ ТЕХНОЛОГИАЛАРИ ФЕ ЛЛЦ (WOLT TEXNOLOGIYALARI FE LLC), Lazbak street, house 64A Shaykhontohur District, Tashkent city, Uzbekistan, доколку Корисникот се наоѓа во Узбекистан
ВОЛТ ТЕХНОЛОЏИС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, ул. Максим Горки бр. 13, Б.Ц. Настел згр. 1 вл. 1 4/4 Скопје - Центар, Северна Македонија, доколку Корисникот се наоѓа во Северна Македонија
Волт Ентерприсес Оу е назначен како одговорен за справување со сите барања на субјектите на лични податоци и прашања поврзани со обработката на личните податоци на Волт групацијата во име на локалните заеднички контролори. Ова не го ослободува локалниот контролор во Северна Македонија, Волт Технолоџис Северна Македонија ДООЕЛ Скопје, од обврските за постапување согласно одговорностите за обработка согласно применливото законодавство во Северна Македонија.
Исто така Волт обезбедува достава како услуга на други друштва (на пример, Волт Драјв АПИ и интеграции за е-трговија). Во таков случај Волт е обработувач на податоци за делови од активностите за обработка поврзани со примање, управување и завршување на доставата, како и комуникација и потврдување на доставата до соодветната компанија.
2. ДЕТАЛИ ЗА КОНТАКТ НА ВОЛТ
Волт Ентерприсес Оу
Регистарски број: 2646674-9
Адреса за кореспонденција: Похјоинен Раутатиекату 21, 00100 Хелсинки, Финска
Е-пошта: support@wolt.com
Офицерот за заштита на податоци: Волт има назначено офицер за заштита на лични податоци со кого можете да стапите во контакт преку горенаведените информации за контакт или преку испраќање на е-пошта на privacy@wolt.com.
За Северна Македонија, можете да стапите во контакт со офицерот за заштита на лични податоци преку испраќање на е-пошта на ljupkanoveska@gmail.com.
ВОЛТ ТЕХНОЛОЏИС СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Регистарски број: 7807325
Адреса за кореспонденција: ул. Максим Горки бр. 13, б.ц. Настел згр. 1 вл. 1 4/4 Скопје, Северна Македонија
Е-пошта: corporatelegal@wolt.com
За Северна Македонија, можете да стапите во контакт со офицерот за заштита на лични податоци со испраќање на е-пошта на ljupkanoveska@gmail.com
3. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ИЗВОРИ НА ПОДАТОЦИ
Ние обработуваме лични податоци само до степенот кој е неопходен и соодветен за специфичната цел на обработката. Личните податоци кои ги собираме и обработуваме може да се поделат во две општи категории на податоци: Податоци за корисникот и Податоци за користењето.
Податоци за корисникот
Податоци за корисникот се лични податоци собрани директно од вас или од нашиот клиент – правно лице на потрошувачи во чие име ги користите Услугите на Волт ("Клиент – правно лице"), во зависност од случајот. Можеме да собираме Податоци за корисникот од нашите Корисници и Клиенти – правни лица на различни начини, вклучително и по склучување на договор за услуги со Клиентот – правно лице или кога Корисниците се регистрираат за Услугите на Волт, се претплатуваат на билтен или пополнуваат формулар. Понатаму, ве молиме имајте предвид дека исто така собираме детали за сите трансакции и плаќања што ги извршувате преку Услугите на Волт.
Податоци за корисникот кои се потребни за користење на Услугите на Волт
Следните лични податоци кои ги собираме и обработуваме се неопходни за правилно извршување на договорот помеѓу вас и нас, како и за нашиот легитимен интерес при исполнување на нашите договорни обврски кон нашите Клиенти – правни лица и за усогласеност со нашите законски обврски.
По склучувањето на договорот за услуги помеѓу нас и Клиентот – правно лице, Клиентот – правно лице ни ги доставува вашето целосно име и адреса на е-пошта.
Кога се регистрирате за Услугите на Волт и креирате кориснички профил, треба да ни ги доставите следните информации:
целосно име и презиме
телефонски број
адреса на е-пошта
информации поврзани со вашите платежни инструменти, како што се бројот и датумот на истекување на вашите платежни инструменти (потребни за целите на нарачување на храна и други производи преку Услугите на Волт, но не се чуваат од страна на Волт, бидејќи Волт користи услуга за обработка на плаќања од трета страна)
Податоци за корисникот кои се дадени доброволно и додека се употребуваат Услугите на Волт
Вашето корисничко или потрошувачко искуство може да се подобри доколку ни ги обезбедите следните информации:
Дополнителни информации за сметката:
слика,
адреса за достава,
податоци за локација (доколку се согласувате за обработка на вашите податоци за локација),
бонус картичка специфична за партнер или учество во друга програма за лојалност, доколку е применливо во вашата земја,
при нарачка на производи со ограничување на возраста: возраст, и
други информации кои што ги обезбедувате при креирање на корисничка сметка или подоцна при промена на вашиот профил.
Други информации. Ние исто така може да обработуваме и други информации кои доброволно ќе ни ги обезбедите, како на пример:
информации поврзани со вашите нарачки од Волт или преку Услугите на Волт (на пример, купени производи, специјални упатства, датум и време на нарачка, вкупен износ на нарачката и историја на други претходни нарачки),
информации што ги давате при поднесување оцени, коментари или одговарање на анкети,
омилени ресторани или трговци и други преференции,
согласности и откажувања од маркетинг, и
информации што ги давате по телефон, преку е-пошта или во кореспонденција преку разговор (чет) со нас, вклучувајќи и снимки од вашите повици со нашата служба за корисници.
Покрај Податоците за корисник собрани од вас и Клиентот – правно лице, обработуваме одредени лични податоци кои ги обезбедуваат давателите на услуги - трети страни за вас. На пример, за корпоративни клиенти, можеме да обработуваме информации за контакт лице од компанијата за да овозможиме комуникација и маркетинг со компанијата, како и управување со односите со потрошувачите. Таквите податоци примарно се добиваат од јавни извори како локални трговски регистри, компании кои обезбедуваат ваков вид на информациски услуги, или самите компании.
Доколку вашата нарачка содржи производи или услуги кои може да укажуваат на здравствена состојба или други чувствителни (посебна категорија на) лични податоци, Волт треба да ги обработи овие податоци за да ви ги обезбеди Услугите на Волт. Покрај содржината на нарачката, ова може да вклучува, на пример, податоци од медицински рецепт во случај на лекови кои се купуваат со рецепт. Волт се придржува до сите дополнителни заштитни мерки кои може да се применуваат за обработка на такви лични податоци според применливите закони и прописи. Доколку е потребно согласно применливите закони, Волт ќе побара посебна согласност за обработка на такви лични податоци и таквата согласност можете да ја повлечете во секое време преку вашите поставки на профилот или со контактирање на поддршката на Волт на support@wolt.com.
Доколку се поврзете или се најавите на вашата сметка со Facebook, Facebook споделува со нас лични информации за вас како што се вашата профилна слика, примерок од вашите Facebook пријатели и вашиот Facebook ID. Додека Волт ја одржува својата страница на Facebook, и Волт и Facebook се заеднички контролори за вашите лични податоци. Повеќе информации за обработката на лични податоци на Facebook се достапни на Политиката за приватност на Meta.
Податоци за користење
Податоците за користење произлегуваат од интеракциите на Корисникот со Услугите на Волт. И покрај тоа што обично не ги користиме Податоците за користење за ваша идентификација како поединец, во одредени околности тие може да се користат за ваша идентификација, самостојно или во комбинација со Податоците за корисникот. Во такви ситуации, Податоците за користење може да се сметаат за лични податоци според применливите закони, и ние таквите податоци ќе ги третираме како лични податоци.
Ние може автоматски да ги собереме следниве Податоци за користење кога ќе ги посетите или користите Услугите на Волт:
Информации кои го опишуваат вашиот уред или прелистувач и апликацијата на Волт, нивните верзии, карактеристики, способности и поставки
Информации за вашиот оператор, давател на интернет-услуги и типот на мрежна врска, вклучувајќи ја вашата IP адреса
Идентификатори обезбедени од вашиот уред или трети страни за добавувачи на апликации или огласувачи, или идентификатори што ние самите ги креираме
Земја, локалитет, временска зона и информации за локација на ниво на гео-IP
Од каде што сте ја следеле врската до Услугите на Волт и врски што сте ги следеле од Услугите на Волт
Детали за вашите интеракции со и употреба на Услугите на Волт. Ова вклучува, на пример, шеми на користење, кои карактеристики ги користите, реклами, учество во специфични кампањи и прегледи на понуди и интеракции, како и информации за нарачки.
Податоци за следење и известување за трансакции иницирани од нашите рекламни партнери, вклучувајќи временски ознаки и идентификатори наведени погоре.
За повеќе информации како да ги контролирате идентификаторите за рекламирање и аналитика на вашиот уред, видете ја секцијата подолу „Колачиња (cookies) и други технологии“.
Колачиња (cookies) и други технологии
Ние користиме различни технологии за собирање и чување на Податоци за користење и други информации кога Корисниците ќе ги посетат Услугите на Волт, вклучувајќи колачиња (cookies), складирање на податоци од веб-страници, и употреба на дигитална телеметрија.
Колачињата и другите податоци од веб-страниците што се зачувуваат на вашиот уред ни овозможуваат да ги идентификуваме посетителите на Услугите на Волт и да го олесниме користењето на Услугите на Волт, како и да создадеме агрегирани информации за нашите посетители. Ова ни помага да ги подобриме Услугите на Волт и да им служиме подобро на нашите Корисници. Колачињата и другите податоци од веб-страниците нема да му наштетат на вашиот уред или на вашите датотеки. Ние користиме колачиња и други податоци од веб-страниците за да ги прилагодиме Услугите на Волт и информациите што ги обезбедуваме во согласност со индивидуалните интереси на нашите Корисници. Ве молиме да забележите дека времето на задржување на различни колачиња е ограничено и варира од помалку од една минута до неограничено време, или додека не се избрише конкретното колаче.
Можете да управувате со поставките за колачиња што сте ги доставиле претходно преку кликнување тука.
Корисниците можат да изберат да го постават својот веб-прелистувач да одбива колачиња. На пример, следниве врски обезбедуваат информации за тоа како да ги прилагодите поставките за колачиња и други веб-податоци на некои популарни прелистувачи:
Ве молиме да забележите дека одредени делови од Услугите на Волт може да не функционираат правилно ако користењето на колачиња е одбиено.
Услугите на Волт користат псевдонимизирани идентификатори за да ги следат и предвидуваат вашите апликациски и сервисни користења и преференции. Волт исто така користи само-сесиски технологии за следење од трети страни за да верификува и известува за трансакции иницирани од нашите рекламни партнери.
Можете да управувате со вашите претпочитања за колачиња преку банерот за колачиња на нашите веб-страници.
Исто така можете да управувате со вашите комуникациски и други поставки за приватност преку апликацијата на Волт.
Идентификаторите на посетители на Волт можат да се исклучат на iOS и Android мобилни уреди преку промена на вашите поставки (за iOS: Поставки → Волт → Поставки на Волт → Ограничете следење, и за Android: Волт апликација → Профил таб → Икона на поставки во горниот десен агол).
Обично, идентификаторите за рекламирање можат да се исклучат на iOS мобилни уреди преку вклучување на табулаторот за ограничување на рекламирањето (Поставки → Приватност → Рекламирање → Ограничете следење на реклами). За преглед и повеќе информации за идентификаторот за рекламирање, Ве молиме погледнете ја страната на Apple за рекламирање и приватност.
Волт користи различни даватели на услуги од трети страни за аналитика и телеметрија, маркетинг или партнерски програми, и други услуги интегрирани во нашето клиентско софтверско решение, наведени подолу:
Име | Продавач | Цел | Изјава за приватност на продавач |
---|---|---|---|
Google Analytics | Аналитика на посетители и користење | ||
Google AdSense | Таргетирање на реклами | ||
Google Tag Manager | Аналитика и известување | ||
Upwave | Upwave | Аналитика, маркетинг и известување на Волт апликацијата | |
AppsFlyer | AppsFlyer | Аналитика, маркетинг и известување на Волт апликацијата | |
hCaptcha | Intuition Machines, Inc. | Избегнување и известување и детекција на ботови | |
Bugsnag | SmartBear Software Inc. | Следење на грешки и перформанси на веб-страници и апликации | |
Facebook Graph API | Meta | Управување со реклами | |
Facebook Pixel | Meta | Следење на реклами/конверзии | |
Firebase | Firebase | Платформа за развој на мобилни и веб апликации | |
Intercom | Intercom | Разговор со корисничка поддршка | |
Ravelin | Ravelin | Систем против измама | |
Riskified | Riskified | Превенција од измами при плаќање | |
Adform | Adform | Управување и испорака на онлајн реклами | |
Floodlight | Floodlight | Следење на реклами/конверзии | |
Microsoft Clarity | Microsoft | Анализа на кориснички топлински мапи | |
Interspace | Interspace (Accesstrade) | Платформа за партнерски маркетинг | |
Microsoft Bing | Microsoft | Платформа за пребарување | |
Iterable | Iterable | Автоматизација на маркетинг | |
LinkedIn InsightTag | LinkedIn Marketing Solutions | Следење на рекламирање/конверзии | |
Taboola Pixel | Taboola | Следење на рекламирање/конверзии | |
TradeDoubler | TradeDoubler | Следење на рекламирање/конверзии | |
Twitter Universal Website Tag | Twitter Ads | Следење на рекламирање/конверзии | |
Yahoo | Yahoo | Следење на рекламирање/конверзии | |
Reddit Pixel | Reddit Ads | Следење на рекламирање/конверзии | |
Sentry | Sentry.io | Функционален софтвер |
Ве молиме имајте предвид дека не сите од горенаведените добавувачи се користат во секое дадено време или во сите пазарни области.
4. ЦЕЛИТЕ И ОСНОВИТЕ ЗА ОБРАБОТКА
Ние обработуваме лични податоци само до степенот што е неопходен и соодветен за специфичните цели на обработката. Имајте предвид дека една или повеќе од следните цели и законски основи може да се применуваат истовремено.
Прво, Волт ги обработува вашите лични податоци за да ги исполни нашите договорни обврски кон вас или кон Клиентот – правно лице, на пример, до степенот што е неопходен:
за да ви понудиме Услуги на Волт врз основа на договорот меѓу вас и Волт или меѓу Клиентот – правно лице и Волт или меѓу Волт Drive клиентот и Волт ;
да го извршиме договорот меѓу вас и Волт и за цели на управување и испорака на вашата Нарачка, како и за комуникација со вас за промени на условите за користење, политики за приватност или други важни промени поврзани со договорот;
да ги обработиме вашите плаќања или било какви рефундации (кога е применливо) и да им обезбедиме на нашите партнери (рестораните, трговците и нашите курирски партнери кои понатаму ќе се нарекуваат колективно како „Партнер“) информации потребни за подготовка или испорака на вашата нарачка; и
да одговориме на вашите прашања или да ги решиме вашите случаи за поддршка ако не контактирате.
Второ, можеме да ги обработуваме вашите лични податоци ако постои соодветен и оправдан интерес (односно легитимен интерес) за управување, одржување и развој на нашето работење или за создавање и одржување на односи со потрошувачи. Кога одлучуваме да ги користиме вашите податоци врз основа на нашите легитимни интереси, ги споредуваме нашите интереси со вашето право на приватност и, на пример, ви обезбедуваме лесен начин за одбивање од нашите маркетиншки комуникации и користиме псевдонимизирани или не-лични податоци за идентификација кога е можно. Имате право да приговарате на обработката на вашите податоци врз основа на легитимен интерес. Сепак, Волт може да одбие таква спротивставеност во согласност со применливото законодавство, на пример, ако обработката е неопходна за подготовка, извршување или одбрана на правни барања.
Ние ги обработуваме вашите лични податоци до степенот што е неопходен и врз основа на легитимен интерес, на пример, за:
ракување со побарувања, наплата на долгови и правни процеси. Може да ги обработуваме податоците и за превенција на измами, злоупотреба на нашите услуги и за безбедност на информации, системи и мрежи.
контактирање со вас во врска со Услугите на Волт и информирање за промените поврзани со нив или барање ваше мислење или повратни информации за Услугите на Волт.
пласирање на Услугите на Волт кон вас или прикажување на таргетирани или персонализирани реклами преку Услугите на Волт или испраќање на други таргетирани маркетинг пораки за услуги или производи кои може да ве интересираат. За да формираме таква таргет-група, можеме да ги обработуваме информациите наведени погоре во делот за Податоци за користење. Ве молиме да забележите дека ако е потребно според применливото законодавство, обработката на лични податоци за маркетинг цели ќе се врши врз основа на вашата согласност (погледнете ја и секцијата "Директен маркетинг" подолу).
подобрување на квалитетот на Услугите на Волт и развој на нашето работење, на пример, преку анализа на трендови во користењето на Услугите на Волт преку обработка на податоци поврзани со вашето користење на Услугите на Волт.
обезбедување дека нашите услуги се во согласност со вашите потреби, личните податоци можат да се користат за работи како што се анкети за задоволство на потрошувачите. Кога е можно, ќе го направиме тоа користејќи само агрегирани, не-лични податоци.
обработка на вашите податоци внатре во групата на компании на Волт во согласност со оваа Изјава за приватност.
Додека ги обработуваме вашите лични податоци за целите на обезбедување на Услугите на Волт до вас, како и за други цели наведени погоре, можеме да користиме автоматизирани средства во обработката што може да вклучува и автоматизирано донесување одлуки.
Понатаму, можеме да ги обработуваме вашите лични податоци за да управуваме со и исполнуваме нашите законски обврски. Ова вклучува податоци обработени за усогласување со нашите обврски за водење на сметководство и обезбедување информации до релевантните органи, како што се даночните органи или органите на прогонот, согласно задолжителните законски прописи.
Во некои делови на Услугите на Волт, може да биде побарано од вас да дадете согласност за обработка на лични податоци. На пример, во рамките на Волт апликацијата може да управувате со вашите дозволи за маркетинг и други дозволи. Ако обработката на вашите лични податоци се базира на вашата согласност, може да ја повлечете во било кој момент контактирајќи не или менувајќи ја соодветната поставка за согласност, на пример, во Волт апликацијата. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката заснована на согласност пред да биде повлечена.
5. ПРЕНОС ДО ЗЕМЈИ НАДВОР ОД ЕВРОПА
Волт ги чува вашите лични податоци главно во Европската економска област. Сепак, имаме даватели на услуги, операции и компании во групација на повеќе географски локации. Како такви, ние и нашите даватели на услуги може да ги пренесуваме вашите лични податоци во, или да ги обработуваме во, јурисдикции надвор од Европската економска област или местото на престој на Корисникот.
Ќе преземеме чекори за да обезбедиме дека личните податоци на Корисниците ќе добијат соодветно ниво на заштита во јурисдикциите во кои се обработуваат. Обезбедуваме соодветна и адекватна заштита за преносот на лични податоци во земји надвор од Европската економска област преку низа договори со нашите даватели на услуги базирани на стандардните договорни клаузули или преку други соодветни заштитни мерки.
Повеќе информации во врска со преносот на лични податоци можете да добиете контактирајќи не на било која од наведените адреси погоре.
6. КОРИСНИЦИ НА ПОДАТОЦИ
Ние ги споделуваме вашите лични податоци внатре во организацијата на Волт само доколку и онолку колку што е разумно потребно за целите на оваа Изјава за приватност.
Ние не ги споделуваме вашите лични податоци со трети страни надвор од организацијата на Волт освен ако не е исполнета една од следните околности:
За целите наведени во оваа Изјава за приватност и за овластени даватели на услуги
До степен до кој трети страни (како што се рестораните, трговците или продавачите кои ја обезбедуваат вашата нарачка, нашите курирски партнери кои ја доставуваат вашата нарачка и Клиентот – правно лице кој може да ја плати вашата нарачка) имаат потреба од пристап до лични податоци за да ги извршиме Услугите на Волт или за други легитимни причини, ние им ги обезбедуваме вашите лични податоци на таквите трети страни. На пример, можеме да го споделиме вашиот телефонски број со Партнерот од кој сте направиле нарачка ако тоа е неопходно, на пример, за да ве прашаат дали прифаќате замена на производ во нарачката или да ви соопштат дека некој производ недостасува во вашата нарачка или за било какви објаснувања за специјални барања.
Понатаму, можеме да ги обезбедиме вашите лични податоци на нашите компании во групацијата или на овластени даватели на услуги кои извршуваат услуги за нас (вклучувајќи чување на податоци, сметководство, аналитика, продажба и маркетинг и превенција од измама при плаќање) за да ги обработат за нас и на даватели на платежни услуги за да ги обработат вашите плаќања до нас.
Кога трети страни ги обработуваат податоците во име на Волт, Волт ќе преземе соодветни договорни и организациски мерки за да обезбеди дека вашите податоци се обработуваат исклучиво за целите наведени во оваа Изјава за приватност и согласно сите применливи закони и регулативи и согласно со нашите инструкции и соодветни обврски за доверливост и безбедносни мерки.
Ве молиме имајте предвид дека ако обезбедите лични податоци директно на трета страна, како преку врска во Услугите на Волт, обработката обично ќе се базира на нивните политики и стандарди.
Со Партнери за извршување на Услугите на Волт
До степен до кој трети страни, како што се Партнерите кои подготвуваат, продаваат и/или доставуваат ваша нарачка, нашите курирски партнери кои ја доставуваат вашата нарачка и Клиентот – правно лице кој може да ја плати вашата нарачка, имаат потреба од пристап до лични податоци за да ги извршиме Услугите на Волт, ние им обезбедуваме на таквите трети страни ваши податоци.
Му обезбедуваме на Партнерот и, кога е применливо, на неговата матична компанија или франшизор, лични податоци неопходни за исполнување на вашата нарачка. Во зависност од улогата на Партнерот, тоа може да вклучува ваше име, адреса за испорака и податоци во врска со вашата нарачка, вклучувајќи детали за местото, бројот на нарачката, времето на нарачката и испораката, методот на испорака, нарачаните производи, коментари и повратни информации кои сте ги дале за нарачката. Таквите податоци се споделуваат за да му се овозможи на Партнерот да ја обезбеди нарачката, вклучително, каде што е применливо, подигнување на производите во продавницата, осигурување на квалитетот на услугата на Партнерот и изборот на производи достапни на Волт, како и за усогласување со законските обврски на Партнерот. Кога Партнерот ги обработува овие детали за цели на исполнување на сопствените права и обврски, како што се неговите законски обврски кон вас, Партнерот е независен контролор на лични податоци и одговара за законитоста на неговите операции на обработка.
Вие може да имате можност да ги додадете деталите за бонус картичката специфична за Партнерот или програмата за лојалност на Услугата на Волт за целите на поврзување на сите нарачки направени кај Партнерот со релевантната програма за лојалност, согласно со условите дефинирани од Партнерот. Волт ќе ги сподели таквите детали со Партнерот и Партнерот е независен контролор на таквите детали и со тоа е одговорен за осигурување на законитоста на обработката.
Можеме исто така да го споделиме вашиот телефонски број и име со Партнерот од кој сте направиле нарачка ако тоа е неопходно, на пример, за да ве прашаат дали прифаќате замена на производ во нарачката или да ви соопштат дека некој производ недостасува во вашата нарачка или за било какви објаснувања за специјални барања или други неопходни цели поврзани со исполнување на нарачката. За испораки кои ги извршуваат самите наши трговски партнери, можеме исто така да го споделиме вашето име и телефонски број со тие Партнери.
За правни причини и правни процеси
Можеме да ги споделиме вашите лични податоци со трети страни надвор од Волт ако имаме добронамерно уверување дека пристапот и користењето на личните податоци се разумно потребни за: (i) исполнување на обврските согласно било кој применлив закон, регулатива и/или судска наредба; (ii) откривање, спречување или на друг начин решавање на измама, криминал, безбедносни или технички проблеми; и/или (iii) заштита на интересите, имотите или безбедноста на Волт, Корисниците или јавноста до степен до кој е во согласност со законот. Кога е можно, ќе ве информираме за таквата обработка.
За други легитимни причини
Доколку Волт е вклучен во спојување, аквизиција или продажба на имот, можеме да ги пренесеме вашите лични податоци на третата страна која е вклучена. Меѓутоа, ние ќе продолжиме да обезбедуваме доверливост на сите лични податоци. Ние ќе ги известиме сите засегнати Корисници кога личните податоци ќе се пренесат или ќе станат предмет на различна изјава за приватност.
Со ваша изречна согласност
Можеме да ги споделиме вашите лични податоци со трети страни надвор од Волт кога имаме ваша изречна согласност за тоа. Вие имате право да ја повлечете оваа согласност во секое време бесплатно, на пример, контактирајќи не.
7. ПЕРИОД ЗА ЧУВАЊЕ
Волт не ги чува вашите лични податоци подолго отколку што е законски дозволено и потребно за целите на обезбедување на Услугите на Волт или на релевантните делови од нив. Периодот на чување зависи од природата на информациите и од целите на обработката. Максималниот период може да се разликува во зависност од употребата.
Откако Корисникот ќе го избрише својот кориснички профил, личните податоци може да се чуваат онолку време колку што е законски пропишано за таквата обработка или е разумно потребна за нашите правни обврски или легитимни интереси, како што се ракување со побарувања, сметководство, внатрешно известување и цели за помирување.
Редовно го оценуваме периодот на чување на лични податоци за да се осигураме дека податоците се чуваат само за потребниот временски период.
8. ВАШИТЕ ПРАВА
Право на пристап
Вие имате право на пристап и да бидете информирани за вашите лични податоци што ги обработуваме. Ви даваме можност да прегледате одредени податоци преку вашата корисничка сметка во Услугите на Волт или да побарате копија од вашите лични податоци со тоа што ќе нè контактирате.
Право на повлекување на согласност
Во случај кога обработката се базира на согласност дадена од Корисникот, Корисникот може бесплатно да ја повлече согласноста во било кое време. Повлекувањето на согласноста може да доведе до намалување на можностите за користење на Услугите на Волт. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката базирана на согласноста пред нејзиното повлекување.
Право на исправка
Вие имате право да побарате исправка на неточни или нецелосни лични податоци кои што ги чуваме за вас со тоа што ќе нè контактирате. Вие можете да исправите или ажурирате некои од вашите лични податоци преку вашата корисничка сметка во Услугите на Волт.
Право на бришење
Исто така можете да побарате да ги избришеме вашите лични податоци од нашите системи. Ние ќе постапиме согласно таквото барање освен ако немаме легитимна основа да не ги избришеме податоците.
Право на приговор
Вие може да имате право на приговор на одредено користење на вашите лични податоци доколку тие податоци се обработуваат за други цели освен тие кои што се неопходни за извршување на Услугите на Волт или за усогласување со одредена законска обврска. Доколку приговарате против понатамошна обработка на вашите лични податоци, тоа може да доведе до помалку можности за користење на Услугите на Волт.
Право на ограничување на обработката
Вие може да побарате да ја ограничиме обработката на личните податоци на пример кога вашите барања за бришење, исправка или приговор се во тек и/или кога немаме легитимен основ за да ги обработуваме вашите податоци. Сепак, ова може да доведе до намалување на можностите за користење на Услугите на Волт.
Право на пренослиост на податоци
Вие имате право да ги добиете личните податоци што сами сте ни ги доставиле во структуриран и вообичаено користен формат и самостојно да ги пренесете тие податоци на трета страна.
Како да ги користите вашите права
Горенаведените права може да се користат со контактирање на поддршката на Волт или со испраќање на писмо или е-пошта до нас на адресите наведени погоре, вклучувајќи ги следните информации: целосно име, адреса, е-пошта и телефонски број. Доколку имате сметка во Волт, ви препорачуваме да нè контактирате преку поддршката на Волт бидејќи тоа ни овозможува полесно да ве идентификуваме. Можеме да побараме доставување на дополнителни информации кои што се потребни за потврдување на идентитетот на Корисникот. Ние можеме да ги одбиеме или наплатиме барањата кои се неразумно повторливи, прекумерни или јасно неосновани.
9. ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
Корисникот има право да ни забрани да ги користиме неговите личните податоци за цели на директен маркетинг, истражување на пазарот и профилирање направено за целите на директен маркетинг со тоа што ќе нè контактира на адресите наведени погоре или со користење на функциите на Услугите на Волт или можноста за прекинување на претплата понудена во однос на било какви пораки за директен маркетинг.
10. ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОПЛАКИ
Во случај Корисникот да смета дека нашата обработка на личните податоци не е во согласност со важечките закони за заштита на податоци, Корисникот може да поднесе жалба до локалниот надзорен орган за заштита на податоци во Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија (https://azlp.mk/), доколку смета дека обработката на личните податоци поврзани со Корисникот ги повредува одредбите на применливиот закон, без предрасуди кон било кои други управни или судски лекови.
11. ИНФОРМАЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Ние користиме административни, организациски, технички и физички мерки за заштита на личните податоци што ги собираме и обработуваме. Мерките вклучуваат на пример, каде што е соодветно, енкрипција, псевдонимизација, заштита на мрежа (firewall), безбедни простории и системи за право на пристап. Нашите безбедносни контроли се проектирани да одржуваат соодветно ниво на доверливост, интегритет, достапност, отпорност и способност за враќање на податоците. Ние редовно ги тестираме Услугите на Волт, системите и другите средства за безбедносни ризици. Понатаму, во Волт ограничен е пристапот до лични податоци од страна на вработените и пристапот се сведува на тоа што е неопходно за целите на работните задачи на вработениот.