Како да ги намалите рефундирањата со замените
За да останат клиентите среќни, а продажбата стабилна, ефикасно справувајте се со артикли што ги нема на залиха.
Преглед
- Зошто замените се важни (и повеќе од што мислите)
- Како функционираат замените
- Не е достапна замена? Без грижа
- Краток водич за замени
- Претворајте го разочарувањето во воодушевување
- Ви треба помош?
Сите сме биле на местото на клиент којшто со нетрпение ја чека нарачката, но открива дека некој артикл недостига, бидејќи го нема на залиха. Фрустрирачки е, нели? Постои опција за рефундирање, но понекогаш може и да се избегне. Замислете да можете да ги претворате разочарувањата поради немање некој артикл на залиха во искрена благодарност од страна на клиентите.
Добра вест: Замените во апликацијата Merchant на Wolt ви ја нудат токму таа можност.
Зошто замените се важни (и повеќе од што мислите)
Секоја замена е повеќе од замена на артикл — тоа е шанса да му го разубавите денот на клиентот. Размислете: ако на клиентот му требаат чери домати за сосот за тестенини, обичните домати се подобра опција од никакви домати, нели? Замените градат доверба. Клиентите ценат што правите напор да ги задоволите нивните потреби, дури и кога артиклите не се идентични. Тоа гради лојалност и ги претвора повремените купувачи во редовни купувачи. Добрите замени помагаат вашата репутација да расте и, на долг рок, помага да се зголемат вашите приходи.
Како функционираат замените
Апликацијата Merchant на Wolt ги прави замените интуитивни и јасни:
Висококвалитетни визуелни слики и јасни описи: Брзо видете кој артикл го нема на залиха, јасно прикажан со корисни слики и детални описи.
Преференциите на клиентите на дофат на вашите прсти: Веднаш видете ги коментарите или преференциите на клиентите, што ви овозможува без напор да ја изберете најдобрата можна замена.
Лесни и брзи дејства: Скенирајте баркодови, директно пребарувајте артикли или рачно избирајте замени – сè од едно погодно место.
Транспарентно одредување цени: Бидете спокојни, замените никогаш не ја зголемуваат првичната цена на нарачката на клиентот. Ако замената е поевтина, клиентот плаќа помалку. Ако е поскапа, клиентот сепак ја плаќа само првичната цена - вие ја покривате разликата.
Не е достапна замена? Без грижа
Понекогаш соодветната замена едноставно не е достапна — тоа е во ред. Парите за предметот можете да ги рефундирате преку апликацијата, така што клиентите ќе платат само за артиклите што ќе им пристигнат. Тоа е едноставен процес и ги известува вашите клиенти за секој чекор, намалувајќи ги сите непријатни изненадувања.
Краток водич за замени
Само три едноставни чекори:
1. Најдете го артиклот
Веднаш најдете ги артиклите што ги нема на залиха, јасно прикажани на екранот.
2. Заменето го
Нашиот систем веднаш предлага соодветни замени. Брзо изберете замена со скенирање на баркодот, рачно внесување на глобалниот трговски број на артиклот (GTIN) или избирање од предложените замени.
3. Потврдете
Проверете и потврдете го својот избор со јасни визуелни потврди.
Претворајте го разочарувањето во воодушевување
Клиентите забележуваат и ценат кога ќе направите дополнителни напори за да ги задоволите нивните потреби. Замените не само што помагаат да се избегне рефундирање, туку им создаваат и позитивни искуства на клиентите, што го зајакнува вашиот однос. Посреќни клиенти е еднакво на намален број рефундирања и зачестени нарачки — што е одлично за бизнисот.
Ви треба помош?
Имате прашања или ви треба дополнителна помош? Нашиот тим за поддршка е секогаш достапен за помош. Контактирајте со нас во секое време преку апликацијата Merchant.
Среќно заменување!